Французите на Црногорците им ја пуштија „Хеј Словени“

Од:

Натпреварот од 9. коло во Светската ватерполо лига меѓу Франција и Црна Гора одигран вчера во Нанси го одбележа скандал. Наместо црногорската химна „Ој света мајска зоро“ домаќинот ја интонираше химната на поранешната СФРЈ „Хеј Словени“.

Од црногорската репрезентација соопштија дека и покрај протестите на официјалните претставници, Французите не успеале да се „извадат“ за скандалот и да ја пуштат химната на државата Црна Гора.

Организаторите на мечот покрај извинувањето се правдаат дека грешката е направена поради тоа што од Светската федерација за водени спортови (ФИНА) ја добиле таа химна.

ФИНА и претходно во уште два наврата на црногорските ватерполисти им приредила слична непријатност при интонирањето на химната. Еднаш на Светското првенство во Рим 2011, а вторпат во Светската лига во Фиренца 2013 година.

Би можело да ве интересира

Италијанците ја совладаа црногорската ватерполо селекција во Париз

Хрватските ватерполисти ја победија Франција и се пласираа во финалето на Светското првенство

Италијанските ватерполисти се првите финалисти на Светското првенство во Доха

Ватерполистите на Франција ја совладаа Унгарија и се пласираа во полуфиналето на Светското првенство

Хрватска ја совлада Србија со резултат 15:13 и се пласираше во полуфиналето на СП во Доха

Ватерполистите на Италија се пласираа во полуфиналето на Светското првенство