Минувачите низ центарот на Сараево беа воодушевени од девојка која стоејќи на една од улиците изведуваше оперски арии.
Како што овбјавија босанските медиуми, девојката се вика Челзи и потекнува од американската сојузна држава Аљаска.
Снимка од неверојатната изведба на Челзи на аријата „O mio babbino caro“ од операта „Џани Скики“ на Џакомо Пучини, беше објавена на ЈуТјуб и за неколку дена се прошири на сите социјални мрежи.