Раст на индустриското производство од 3,1 отсто

Од:

Индустриското производство во февруари годинава бележи раст од 3,1 отсто во однос на февруари лани, а во првите два месеца растот е 2,1 отсто во однос на овој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари 2015  година, во однос на февруари 2014 година, бележи опаѓање од 13,4 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,2 осто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014  година, бележи пораст кај Енергијата за 5,9 проценти, Капиталните производи за 26,8 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 27,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,6 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата