Клаус: Германија ја достигна доминацијата која ја бараше во војната

Од:

Ослабувањето на положбата на националните држави во Европската унија (ЕУ) води до губење на демократијата и европската интеграција, а напротив значително ја зајакна позицијата на Германија, смета поранешниот чешки претседател и истакнат евроскептик Вацлав Клаус.

– Со слабеењето на националните држави дојде до значително оддалечување од местото каде се донесуваат одлуки, зајакнување на неизбраните органи и дојде до уште поголема бирократизација на донесувањето на одлуки. Луѓето таму се повеќе се губат, а заедно со нив исчезнува и Европа и демократијата”, рече Клаус, на предавање кое го одржа на Пан-Европскиот колеџ во Братислава.

Клаус, исто така рече дека не очекувал толку голем трансфер на волјата на одлучување од државите, на Брисел, со што државите како Чешка и Словачка станале полусуверени, а позицијата на Германија добила огромна доминантна позиција, за која нацистите настојувале во двете светски војни, пренесе дописникот на МИА од Прага.

Клаус го критикуваше создавањето на Европската монетарна унија, која како што оцени, не е монолитна целина поради разновидноста на нејзините членови.

Клаус, го повтори својот претходно познат став дека Европа се соочува со напад врз традиционалните вредности.

– Зборувам за вредностите на слободата, човековото достоинство, граѓанските права, индивидуализмот, класичниот концепт на семејството, почитувањето на традицијата, рече тој, додавајќи оти Европа се наоѓа во уличка чиј пат води само наназад.

Во врска со развојот на настаните во Украина, екс-шефот на чешката држава ја нарече таа источноевропска земја за пропадната држава, која најмногу од сите пост-комунистички земји не успеала да го одржи чекорот на политичка, економска и општествена трансформација.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“