Арапска лига ја поддржа кампањата против Хутите во Јемен

Од:

Арапска лига денеска вети целосна поддршка на кампањата против шиитските борци Хути во Јемен.

Генералниот секретар на Арапска лига Набил ел Араби изјави дека операцијата е насочена кон конкретни цели на Хутите. Тој наведе дека кампањата е преземена на барање на јеменскиот претседател Абд Рабу Набсур хади.

Во исгто време, министерот за одбрана на Судан, Абдел Рахим Мохамед Хусеин изјави дека неговата земја ќе учествува со военовоздухопловни и копнени сили во операцијата „Одлучвачка бура“ против Хутите. Тој посочи дека суданските сили прземале конкретни акции за приближување кон регионот на операциите.

Операцијата која синоќа почна, а предводена е од Саудиска Арабија е заснована на Договорот за колективна одбрана на арапските земји.

Тројца неименувани египетски претставници денеска изјавија дека Саудиска Арабија ии Египет ќе раководат со копнената операциј во Јемен против Хутите.

Воената операција против Хутите за сирискиот претседател Башар ал Асад е „безочна агресија“ и апелираше до завојуваните страни во Јемен да почнат дијалог.

Ирачкото Министерство за надворешни работи соопшти дека интервенцијата на Саудиска Арабија и арапските сојузници во Јемен ќе ја усложни ситуацијата. И официјален Багдад апелира на дијалог за надминување на кризата во Јемен.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ