Саудиска Арабија потврди дека распоредува војници на границата со Јемен, истовремено изразувајќи уверување дека станува збор за мерка за претпазливост.
– Ние само ги заштитуваме нашите граници, изјави анонимен саудиски претставник, на прашање дали клаството планира да интервенира во Јемен.
Според друг јеменски претставник тенковите се распоредени на границата, но целта е само одбранбена.
Шиитски милиции хуси во Јемен, за кои се смета дека се поддржани од Иран, во септември го заземаа главниот град Сана и сега настојуваат да го заземат вториот по големина град во земјата Аден.