Земјотрес со интензитет од 6,1 степен по Рихтеровата скала беше регистриран во близина на градот Такна во јужниот дел од Перу.
Епицентарот на потресот бил на 116 км. источно од Такна во близина на границата со Чиле на длабочина од 196 километри. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.