Футсал: Унгарија со висока победа над Швајцарија, на Македонија и треба реми со Шпанија

Од:

Футсал репрезентацијата на Унгарија попладнево ја совлада Швајцарија со 8:2 и со четири бодови го завршува настапот во групата за евро-квалификациите која се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Унгарците имаат гол-разлика 11-10 и се во подобра ситуација за освојување на второто место во однос на Македонија која вечерва игра со апсолутниот фаворит Шпанија.

„Црвено-жолтите“ за да обезбедат сигурен бараж ќе мора да направат подвиг и да останат непоразени со големиот противник.

Постои шанса и како третопласиран да се оди во баражот, но тоа ќе зависи од резултатите во другите шест групи кои се играат ширум Европа.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска