Скендеровски: Одиме на победа против Швајцарија за останување во игра за баражот

Од:

Селекторот на македонската футсал репрезентација Васко Скендеровски и покрај пропуштената шанса за победа на вчерашниот дуел со Унгарија, верува во пласман во баражот, а за такво нешто прво треба да се совлада Швајцарија, па да се оди на поволен резултат со Шпанија.

– Шансите за второто место на квалификацискиот турнир се уште не се загубени. На натпреварот против Швајцарија одиме да оствариме победа која ќе ни даде шанси да се бориме во сабота со Шпанија за поволен резултат или пак минимален пораз кој ќе не води во баражот. Ништо не е загубено, тоа е најважно. Покажавмме дека можеме да се носиме со силни репрезентаци, изјави селекторот Скендеровски.

Македонија вчера одигра нерешено, 3:3 против Унгарија во  натпревар од 1.коло од квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Србија.

На другиот дуел од првата рунда Шпанија со 9:1 ја совлада Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска