СЗО: Постигнат е огромен напредок во борбата против еболата

Од:

Светот оствари „огромен напредок“ во борбата против смртоносниот вирус на ебола, изјави директорката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Чен.

– Либерија веќе 10 дена нема пријавено нов случај на ебола, а огромен напредок е остварен и во Сиера Леоне, рече Чен за француските медиуми на маргините на конференција во Абу Даби.

И покрај одделните случаи во Гвинеја, „тесно соработуваме на поддршката на претседателот Алфа Конде и неговата екипа да стигнеме на нула инфекции“, истакна је Чен.

Запрашана кога СЗО може да го прогласи крајот на епидемијата на ебола, Чен кажа дека се надева дека тоа може да се случи наскоро.

– Овој вирус е многу итар вирус…Се надевам дека тоа ќе биде наскоро, но важна работа е: да се биде внимателен, да се остане подготвен и да не се дозволи вирусот повторно да не претекне, рече Чен.

Чен го повтори предупредувањето дека „светот е лошо подготвен за сериозна и оддржлива епидемија“ и додаде дека доколку државите сакаат „глобална здравствена безбедност, тие мораат да инвестираат во неа“.

– Земајќи го искуството со еболата ние можеме да забрзаме некои реформи и (вклучиме) дополнителни реформи за СЗО да го подготвиме да се избори со мега кризата, наведе Чен.

Нејзината изјава следеше само една недела откако СЗО соопшти дека бројот на починати од најголемата епидемија на ебола во светот надмина 10.000 лица.

Најголемиот број од жртвите на епидемијата, која почна кон крајот на 2013 година, се од западноафриканските држави – Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа