Фаворитот Шпанија ја совлада селекцијата на Швајцарија во првиот меч од квалификациите за Европското првенство во футсал (фудбал во сала) кое ќе се одржи во Србија следната година.
Во воведниот натпревар од квалификациската група 2 чии средби се играат во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, Шпанија ја победи Швајцарија убедливо со 9:1, со што ја потврди фаворитската улога за освојување на првото место во оваа конкуренција.
Во вториот меч од 1.коло, вечерва од 19 часот „футсал„ репрезентацијата на Македонија за противник ќе ја има селекцијата на Унгарија.