Манифестација „Поезијо, те сакаме!“ за Денот на поезијата

Од:

На 21. март – Светскиот ден на поезијата, во Културниот центар Феникс во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе се одржи манифестацијата Поезијо, те сакаме!

На манифестацијата ќе настапат веќе афирмирани, но и млади поети кои ќе читаат свои стихови во чест и слава на поезијата.

Организатори на манифестацијата се Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.

Ќе настапат 21 поет, меѓу кои и: Васил Тоциновски, Елена Пренџова, Мирче Нешовски, Христо Петрески, Душко Кралевски, Филип Димкоски, Љерка Тот Наумова, Лидија Давидовска, Ленче Милошевска, Деси Николова, Марина Мијаковска, Снежана Стојчевска, Виолета Сековска, Марија Ѓеоргиеска, Македонка Чадиноска и други.

Инаку, Светскиот ден на поезијата го востанови УНЕСКО на 21 март 1999 година со цел да се промовира читањето, пишувањето, објавувањето и проучувањето на поезијата ширум светот. И на овој начин треба да се помогне поезијата од маргините повторно да се врати во центарот како еден од најспецифичните, најзначајните, најкреативните, најмасовните и најпопуларните литературни жанри.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот