Шведската полиција ги демантира податоците дека Швеѓанецот кој деновиве беше уапсен во Босна со експлозивно полнење во автомобилот планирал терористички напад во Скандинавиа, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Наместо тоа, според шведската безбедносна полиција СЕПО и нивните колеги во јужниот шведски полициски дистрикт Сконе, настанот е поврзан со тежок облик организиран криминал.
Полицијата не изнесува многу податоци околу овој случај со цел да не биде нарушена предистражната постапка која е во тек.
– Зборувавме со обвинителите и тие ќе имаат некаква форма на информативен собир в понеделник, вели Стефан Синтеус, полициски командир во Малме за весникот „Сидсвенскан“.
Според Синтеус, истрагата се однесува на познати криминалци од Малме, но истовремено тој не сака да коментира дали апсењето на групата во Босна има некаква врска со неодамнешниот терористички напад на Парвниот центар во данскиот главен град Копенхаген.
Шведската полиција и понатаму има контакт со своите колеги во Босна. Швеѓанецот, кој е на 50-годишна возраст, беше уапсен заедно со уште четири лица во Босна.