Грчкиот премиер Алексис Ципрас стравува дека Грција ќе остане без пари до крајот на март, објави Франкфуртер Алгемајне цајтунг.
– Грците треба да бидат подготвени дека платите и пензиите може да не бидат целосно исплатени во крајот на март, наведува весникот.
Лидерот на радикалната Сириза кој е на власт од пред два месеца во Грција, изразил стравувања пред претседателот на ЕП, Мартин Шулц за време на средбата во Брисел.
– Ципрас има итна потреба од пари. Затоа треба да ја убеди еврогрупата и ЕЦБ за волјата дека ќе преземе реформи и тоа уште од следната недела, навел Шулц за весникот.