Во Спортската сала ,,Гоце Делчев” во Општина Илинден, во организација на таеквондо клубот „Илинден“, денеска ќе се одржи државен натпревар во таеквондо.
На натпреварот ќе учествуваат осум клубови и тоа: Илинден, Бутел, Хваранг, Борец, Гоце Делчев, Тигри, Кобра и Корио со над 160 учесници, во повеќе дисциплини.
Првенството ќе го отвори покровителот на настанот, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.