Холандија ја предупредила БиХ за терористички напад

Од:

Антитерористичката единица на холандската полиција ги предупредила властите во Босна и Херцеговина на можноста за терористички напад во Шведска и во Данска кои требало да го изведат петмина нејзини државјани кои беа уапсени во петокот, пишуваат босанските медиуми, демантирајќи ги тврдењата на шведските власти дека не станува збор за терористичка закана, туку за пресметка меѓу банди.

Откако шведската полиција во саботата реагираше и ги негираше наводите на државната полициска агенција SIPA на БиХ дека станува збор за терористички активности туку за пресметка меѓу банди, во саботата навечер во сараевските медиуми протече документот на Интерпол со барање од холандската антитерористичка единица за следење лица осомничени за подготовка на терористички напад.

Во факсимилот од дописот на меѓународната полиција на порталот Klix, се истакнуваат детали во врска со примопредавање на експлозивни направи кои ги нарачал холандски државјанин по потекло од БиХ, како и дека холандската полиција верува дека експлозивната направа ќе биде употребена за терористички напад во Шведска или Данска.

Интерпол посебно побарал информации за Адис Рамиќ кој во Сараево би требало да ги испорача експлозивните направи, и побарани се информации за неговиот познаник од Холандија кој побарал да бидат изработени. „Двајцата споменати осомничени, оној кој порачал и оној за кој се претпоставува дека требало да го испорача експлозивот изгледа дека се познаваат од порано и оти имаат исламско потекло“, се наведува во цитираниот допис на Интерпол.

По оваа дојава SIPA на граничниот премин кон Хрватска во Босански Брод и во Сараево уапси четворица државјани на БиХ, Енвер Џанко, Адис Рамиќ, Амар Шљиво и лице со иницијали Ж.М, како и Осман Абдел Салем, државјанин на Шведска со арапско потекло. Тие по испрашувањето во полицијата во саботата се доведени во Државното обвинителство на БиХ кое им одреди притвор.

Полицијата во Шведска ги негираше наводите на SIPA дека во меѓународната полициска акција под кодно име „Бенелукс“ се уапсени пет лица поврзани со тероризам, туку дека станува збор за пресметка на криминални банди. „Ова не е никаква терористичка истрага, туку е поврзана со истрага којашто ја водиме во Малме веќе подолг период“, изјави Лота Хансон, портпаролка на полицијата во шведскиот регион Скане.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници