Војската на САД ќе учествува во вежби во Бугарија?

Од:

Членките на НАТО, САД и Бугарија во наредните три месеци на територија на Бугарија ќе одржат воени вежби, пренесе „Русија денес“.

Според наводите на бугарскиот министер за одбрана Николај Нинчев, околу 350 американски војници, тенкови, воени хеликоптери, оружје и оклопни возила ќе учествуваат во воената вежба во Бугарија.

-Бугарската војска ќе ги искористи воените вежби за да ги тестира своите способности за реагирање во кризни ситуации. Секако не можеме да го потцениме она што се случува во Украина – рекол тој.

Воените вежби ќе започнат во недела и ќе се одвиваат на југ на Бугарија. Инаку Бугарија која во 2004 година влезе во НАТО, неодамна заедно со Романија, Турција, САД, Канада, Германија и Италија учествуваше во морнаричките вежби на Црно море. Министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов изјави дека НАТО ја користи ситуацијата во Украина за да се приближи до руската граница.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ