Чавушоглу: ЕУ да и достави на Турција разузнавачки информации за потенцијални џихадисти

Од:

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу ја повика денеска ЕУ да и достави на Турција повеќе разузнавачки информации за потенцијални џихадисти, објави „Хуриет дејли њуз“.

– Против Турција се упатувани неправедни обвиненија поради преминувањето на странски џихадисти во Сирија, иако правиме се, особено во близина на границата со Сирија, рече Чавушоглу.

– Ние ги преземаме сите неопходни мерки, изградивме и центри за притвор. И постигнуваме резултати. Ние, меѓутоа, можеме да го решиме или да го намалиме тој проблем само преку соработка. Се уште, меѓутоа, добиваме малку разузнавачки информации од европските земји, додаде тој.

Чавушоглу истакна дека европските земји не се во состојба да ги запрат патувањата на потенцијални џихадисти, кои ги напуштаат родните места, за да патуваат за Сирија.

Досега издадовме забрани за патување на 12.519 лица. Бројот на лица, кои сме ги привеле или депортирале е 1.154, рече шефот на турската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ