Пред последните подготовки за промоција на финалната верзија на евровизиската песна на 15.03.2015, нашиот претставник најавува едно изненадување за својата публика и за фановите на Евровизија.
Освен неговите чести посети во студиото на Билбилов, изминатите неколку дена Даниел Кајмакоски дел од времето го помина и во друго студио каде се посвети на цртање.
Што црта Даниел и зошто, публиката ќе има можност да дознае по објавување на финалната верзија на Лисја Есенски.