Зукорлиќ: Никола Тесла беше муслиман

Од:

Санџачкиот муфтија Муамер Зукорлиќ во Рожај, рекол дека Никола Тесла пред крај на својот живот преминал во ислам и дека коските на еден муслиман не може да се внесуваат во црква.

Како што пренесуваат „Вечерње новости“ тој бил видно изреволтиран поради претрес на црногорската граница и ускратување на престојот во Црна Гора на неговите придружници, поради што изјавил дека научникот пред крајот на животот преминал во ислам.

-Неодамна изби тешка расправа околу обидот на СПЦ да ја пренесе урната на Тесла од музејот во храмот на Свети Сава. Доколку продолжат да се расправаат околу тоа, јас ќе морам да им речам дека Никола Тесла бил муслиман, бидејќи пред смртта го примил исламот. Според тоа не може коските на еден муслиман да се внесуваат во црква- рекол Зукорлиќ.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда