Атина го обвини германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, дека го навредил грчкиот колега Јанис Варуфакис во време на влошување на грчко-германските односи поради цврстата позиција на Берлин кон должничките проблеми на Грција.
Грција објави дека е навредена од тонот на Шојбле за време на прес-конференцијата претходно оваа недела по средбата со ЕУ во Брисел, каде грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис се обиде да преговара за спасувачката помош на земјата.
– Не станува збор за конкретен цитат на Шојбле, туку за неговиот снисходлив, навредлив однос во целина, изјави анонимен грчки дипломат во Берлин.
Претходно портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Константинос Кутрас изјави дека е поднесена жалба од грчки пратеник во Берлин до германското министерство за надворешни работи.
– Како министер на земја, која е наш пријател и сојузник, тој не може да навредува лично свој колега, изјави портпаролот.
Германскиот министер од своја страна го отфрли ваквите тврдења.
– Не, не сум го навредил мојот грчки колега, тоа се глупости, истакна Волфганг Шојбле.