Протестите на опозицијата во Тирана минаа мирно

Од:

Големиот протест на албанската опозиција предводена од Демократската партија на актуелниот градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, мина мирно, без и најмал индцидент.

На третиот по ред масовен антивладен протест беше побарана оставка на владата на социјалистичкиот премиер Еди Рама, како и на спикерот на албанскиот парламент Илир Мета.

Според лидерот Баша,и двајцата се „една банда олигарси“ поврзана со криминал.

– Тие се виновни за уназадување на економијата, се потешкиот живот на нашите граѓани, корупцијата и организираниот криминал кои ја зафатија земјата и чпиј дел се и тие. Ќе се протестира, се додека тие не си одат до власта, порача Баша.

За назадување на економските процеси на земјата, како и за големата корупција и криминал во кој се замешани и самите. Опозицијата најави нови протести. Протестот мина мирно.

На мирните протести, според организаторот присуствувале повеќе десетици илјади граѓани.

Протестот се одржа под силно полициско обебзедување, зашто имаше најави за предизикување немири и инциденти.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата