Атина и Брисел преговараат на два „фронта“

Од:

Технократи на кредиторите на Грција денеска треба да пристигнат во Атина на разговори со владини претставници, еден ден откако вчера во Брисел почнаа технички дискусии за програмата за реформи.

Атина прво се противеше на обидите на кредиторите да испратат претставници во Грција за да соберат информации, но се повлече откако стана јасно дека нема надеж за напредување без нивно присуство во Атина во некоја фаза.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, технократите кои ќе пристигнат во грчкиот главен град се очекува да го посетат државниот генерален завод за сметководство, како и неколку министерства. Договорено е посетите да се реализираат во „три неделни бранови“, секој пат фокусирајќи се на различни аспекти на економијата. Во првата недела експертите ќе ги испитаат фискалните прашања, потоа ќе следат структурните реформи, а третата недела на дневен ред ќе бидат банкарски прашања.

Разговорите кои вчера почнаа во Брисел се нарекуваат „Бриселска група“, што ја одразува одлучноста на грчката Влада да стави крај на асоцијациите на „тројката“, а се шпекулира дека името го смислил претставникот на Европската Комисија, Деклан Костело.

Целта на разговорите во Брисел и Атина е до Велигден да се постигне технички договор, по што законот за реформи ќе биде поднесен во грчкиот Парламентот за одобрување.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен