На Грција и треба нова приказна

Од:

Катимерини – Атина

Реалноста ја става Владата на Грција предводена од Сириза на добро познатиот пат на постојани преговори, во кои се бара: а) да се заштитат „даночни зависници“ – односно оние кои се хранат и живеат од приходите од даноците, а кои се поплатени дури и од работници во приватниот сектор; и б) да се обезбеди некој вид финансиска поддршка од кредиторите.

Целта на преговорите на сегашната Влада не се поинакви од оние на претходата Администрација. Стилот и интензитетот на разговорите се сменија, но приказната останува истата. Сакајќи да ги заштитат „даночните зависници“, владите на Јоргос Папандреу и Андонис Самарас ја доведоа земјата во рецесија и рекордна невработеност. Според истата логика, и премиерот Алексис Ципрас ќе ја поведе земјата по истиот пат и тоа побрзо.

Беше многу напишано за тоа што треба да биде сторено, но изгледа никој не се дрзнува да го стори тоа. Како што сочно го кажа тоа претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер: „Сите знаеме што треба да направиме, не знаеме само како да бидеме повторно избрани откако ќе го сториме тоа“.

Пасок, Нова демократија и Сириза се обидоа да се справат со кризата со исцртување на голема дебела црвена линија. Тие одбија да отпуштаат државни службеници или да тргнат против „даночните зависници“. Цврсто верувам дека кризата никогаш нема да биде средена се додека не бидат средени „даночните зависници“.

Ако ги кажете овие нешта ќе добиете само еден процент од гласовите! Точно е. Но, 99 проценти од оние кои нема да гласаат грешат. Рецесијата и невработеоста се веќе докажани.

Како да се тргне против „даночните зависници“?

– Со итна аболиција на сите непотребни трошоци во државата. На пример, не го отворајте повторно државниот јавен сервис ЕРТ токму сега, и пополнете ги празните позиции во здравствениот систем со лекари, а во училиштата со наставници, а потоа решете ги сите вработени што се технолошки вишок (а такви има премногу);

– Укинете ја привилегијата за предвремено пензионирање;

– Укинете ги сите даноци до трети страни од кои полза имаат малкумина наспроти многуте кои немаат. Даноците до трети страни носат отприлика исто толку приходи како и унифицираниот данок на имот и воглавно им е во корист на пенизионери со специјални привилегии;

– Веднаш воспоставете систематско вреднување на „даночните зависници“ (цивилни службеници и вработени во фирми во државна сопственост) и отуштете ги оние кои не ги исполнуваат условите за нивното вработување. Даноците се свети и „даночните завсиници“ треба да се сметаат за одговорни за даноците кои ги конзумираат. Укинувањето на непотребните државни трошоци ќе помогне во растот, затоа што со цел да се оправда потребата од нив, „даночните зависници“ им создаваат пречки и проблеми на оние кои ги плаќаат своите даноци;

– Грција мора да произведува и извезува. Потребни и се инвестиции. Се што ќе помогне за производството и инвестициите е добро. Се што ги спречува е лошо;

– Доцнењата со повратот на ДДВ од извозот е лошо. ДДВ треба да се врати веднаш. Ревизија подоцна ќе се прави. Лиценците за отварањето на нови бизниси во означена индустриска зона треба да бидат укинати. Треба да постои една лиценца за цела зона, наместо одделни за секој посебен бизнис. Друг чекор може да биде враќањето на огромни површини од државно земјиште за култивирање на извозни производи или да се прават паркови со ветерници. Приватизацијата на аеродромите, пристаништата, железницата и енергетските компании треба да се спроведе, а на јавно-приватното партнерство треба да му се даде приротет во изградба на канализации, во енергетиката и пристаништата.

Системот за социјална заштита западна до ќорсокак. Пензиите се ниски, а придонесите се толку високи што ги спречуваат легитимните бизнис активности. Предлагам пензии (кои ќе бидат платени од буџетот) за сите луѓе на возраст на 67 години од 700 евра на месец, без никакви придонеси. Секој кој сака подобра пензија ќе треба самиот да се погрижи за тоа. Тие ќе можат да ги добијат кога ќе посакаат, како што сакаат, но тоа треба да биде на нивна одговорност.

Ова прашање е многу комплексно. Треба да биде истражено, но одлуката исто треба да биде донесена во следните неколку години. Ако се укинат придонесите од работодавецот, ќе видиме голем скок во конкурентноста и извозот.

Локалните самоуправи мора да бидат финансирани од населението кои ги добиваат нивните услуги. Изворите за финаисирање на локалните администрации треба да бидат самите локални жители (директни корисници), а не сите даночните обврзници, со медијација на државата (или на политичка партија). На овој начин финансиски неодговорните општински власти ќе треба да им одговараат на нивните жители и затоа ќе се внимава за нивната одговорност.

Кога општините ќе станат одговорни за своето финаисирање, тие ќе се потрудат да привлечат инвестиции што ќе донесат приходи и ќе се намали товарот врз нивните жители. Електричните генератори на ветер, на пример. На егејските острови, фармите со ветерници можат да ги покријат сите општински трошоци и да ги намалат даноците кои ги плаќаат жителите. Кога државата ќе престане да им плаќа на општините, може и да го укине унифицираниот данок на имот, кој тежи онолку колку што државата им плаќа на локалните власти.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит