Лафазанис: Грчката Влада „радикално се спротивставува“ на приватизациите

Од:

Новата грчка Влада „радикално се спротивставува“ на приватизацијата на одредени компании, особено во секторите на енергетиката и инфраструктурата, изјави министерот за енергетика и животна средина Панајотис Лафазанис.

Продажбата на државните претпријатија со цел собирање на средства и намалување на државниот долг е една од мерките, кои се бараат од Грција, во замена на спасувачките заеми од еврозоната и ММФ.

Преговори на техничко ниво меѓу Грција и нејзините кредитори почнаа денеска во Брисел, за да бидат прецизирани реформите, кои Атина треба да ги примени, за да ги добие средствата од спасувачките заеми и да избегне банкрот.

Лафазанис, кој учествува на енергетски форум во Атина, организиран од „Интернешел хералд трибјун“, упати напади врз „неолибералната политика“ на ЕУ во областа на енергетиката.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит