Стратулис: Грција не е протекторат

Од:

Левичарски министер денеска вербално го нападна германскиот „опсесивен“ министер за финансии Волфганг Шојбле затоа што „ја третира Грција како протекторат држава“.

Министерот за социјална сигурност Димитрис Стратулис во интервју за телевизијата „Антена“ ги коментираше шпекулации дека Берлин врши притисок врз Атина да го смени министерот за финансии Јанис Варуфакис.

– Што се замислуваат тие да бараат смена на Варуфакис ? Грција не е банана република, таа не е протекторат, рече тој.

Стратулис уште истакна дека Берлин „не може да диктира кои ќе бидат министри во Грција“, а Шојбле го нарече „опсесивен“.

Коментарот на грчкиот министер доаѓа еден ден откако Шојбле изјави дека Варуфакис бил „наивен за комуникациски прашања“. Германскиот министер ги коментираше изјавите на Варуфакис дека странските медиуми во неколку наврати ги „искривиле ставовите на грчката Влада“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит