Остри предупредувања на Шојбле до Грција

Од:

Никаква финансиска помош на Грција нема да и биде дадена ако меѓународните кредитори не се договорат дека се исполнети преземените обврски за реформи од страна на Атина. Тоа го најави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле по седница на Советот на ЕУ за економски и финансиски прашања во Брисел.

– Грција треба да разгледа со институциите исполнување на обврските од програмата за економски спас и само кога тоа ќе се случи, ќе биде возможно да бидат исплатени парите за таа програма, нагласи Шојбле.

Тој појасни дека разговорите кои почнуваат денеска, ќе се водат истовремено во Брисел и Атина.

Особено остро Шојбле се изрази за својот грчки колега Јанис Варуфакис дека бил единствениот во еврогрупата кој смета дека не е загубено време.

– Очигледно Варуфакис треба да ги корегира идеите…и треба да го прочита соопштението од 20 февруари од средбата на еврогрупата…ако треба ќе му пратам примерок од тоа соопштение за техничките разговори со кредиторите, нагласува Шајбле.

Германскиот министер ги даде тие изјави откако Атина објави дека нема да дозволи на претставници на меѓународните кредитори да се вратат во Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит