Исламска држава објави видео, за кое тврди дека прикажува погубување на Палестинец од источен Ерусалим, Мухамед Мусалам (19), кој е земен како заложник поради шпионирање за Израел пред три месеци во Сирија.
Семејството на Мусалам во февруари потврди за весникот „Хаарец“ дека нивниот син патувал во Сирија да се бори за Исламска држава.
Подоцна организацијата на џихадистите објави напис за Мусалам во своето списание „Дибик“ под наслов „Интервју со шпионот кој работи за Мосад“.
Мусалам живеел со семејството во источен Ерусалим и по завршувањето на средното училиште работел како доброволец во израелската пожарна служба.
Неговиот татко, Саид Мусалам, изјави за „Хаарец“ дека неговиот син пред три месеци му кажал оти оди на некој курс и му барал пари.
– По една недела добивме и-мејл дека сакал да биде маченик и оти се откажува од се во својот живот и семејството, рече Саид Мусалам.