Трикратно убиство ја вознемири Тирана

Од:

Трикратно убиство ја вознемири Тирана и целата албанска јавност. Во тиранската населба Лапрак сопругот си ја убил сопругата, нејзината мајка, па сам си пресудил.

Трагичниот настан се случил денеска наутро, кога Емилијано Рустеми(35) најпрво смртно ја застрелал сопругата Изаура Рустеми(28) потоа нејзината мајка,Енѓелуше Шаќири(58), па сам си пресудил.

Сето тоа се случувало пред очите на терите малолетни деца на брачните другари Рустеми.Брачните другари Рустеми биле по постапка на развод, поради големото малтреторање од страна на убиецот.

Тој во Грција бил осуден на година и пол затворска казна поради кражба и деновиве се вратил во Албанија. Според соседите и родинините жените биле почитувани и ценети во нивната средина, додека за убиецот велат дека кога сопругата и децата ги земал во Грција ги принудувал да питачат по улица а по враќањето во Албанија на сопругата и ја скршил ногата со железна шипка. Убиствата ги извршил со калашњиков.

Ова е втор ваков трагичен настана во последните два дена. Претходно во село кај Скадар сопругот ја уби сопругата па се саоуби пред очите на трите малолетни деца.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата