Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија Васко Скендеровски го објави списокот на играчи кои ќе бидат дел од квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во Србија.
Македонија е домаќин на турнирот што ќе се одржи од 18 до 21 март, во СЦ „Борис Трајковски“.
Нашата репрезентација ќе игра против Унгарија, Швајцарија и Шпанија.
Скендеровски ги повика следните фудбалери:
Голмани: Илчо Удовалиев (КМФ Железарец), Мирослав Тодоровски (КМФ Скопје), Антонио Петровски (КМФ Скопје).
Одбрана: Зоран Левески (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Иван Крстевски (КМФ Железарец), Џо Арсовски (КМФ Железарец).
Напад: Александар Глигоров (КМФ Железарец), Игор Леовски (КМФ Скопје), Оливер Јовановски (КМФ Железарец), Дарко Ранготов (КМФ Сквер – Хрватска), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (КМФ Железарец), Трајче Трајков (КМФ Железарец).
Фото: МИА