Холандскиот министер за правда поднесе оставка поради скандал со осуден наркодилер

Од:

Холандскиот министер за правда Иво Опселтен и државниот секретар во Министерството за правда Фред Тевен поднесоа оставки, откако признаа дека го лажеле Парламентот во врска со спогодбата со осудениот наркодилер од 2001 година.

Тие се членови на Либералната партија на премиерот Марк Руте.

– Немам друг избор освен да ја потпишам нивната одлука. Владата загуби двајца експерти, изјави Руте во врска со оставките.

Двајцата политичари изјавија дека на осудениот наркодилер Цес Хелман му се платени многу помалку од 4,7 милиони гулдени (поранешната холандска валута), што денеска би изнесувало 2,4 милион евра, како и дека сите податоци за таа трансакција се загубени.

Подоцна се покажало дека двете тврдења биле неточни.

Државниот секретар Тевен, кој тогаш бил обвинител, го одобрил исплаќањето, откако властите не успеале да докажат дека парите, кои државата му ги конфискувала не се заработени на незаконски начин.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина