Бранимир Главаш префрлен во затворска болница

Од:

Притворениот хрватски политичар Бранимир Главаш, кој од претходно е осуден за воени злосторства, денеска е префрлен во затворска болница заради влошување на здравствената состојба. По минатонеделната одлука на Врховниот суд да му се одреди истражен затвор Главаш беше сместен во затворот Реметинец, каде веднаш почна штрајк со глад.

Еден од неговите адвокати за Хина изјави дека на Главаш денеска му се слошило заради што бил итно префрлен во болница и додаде дека неговиот клиент од моментот на стапнување во затворот, покрај штрајкот со глад, одбива и да пие било каква течност.

На Главаш му беше одреден истражен затвор бидејќи Врховниот суд на Хрватска заклучи дека според Законот за кривична постапка таквата мерка е задолжителна за обвинетите на кои им е изречена затворска казна подолга од пет години.

Одлуката е донесена по жалбата на Обвинителството на одлуката на вонрасправниот совет на загрепскиот Жупаниски суд од 6 февруари, кога заклучи дека Главаш по излегувањето од затворот во Мостар може да се брани од слобода.

Обвинителството истражниот затвор за Главаш го побара истакнувајќи дека откако Уставниот суд ја укина правосилната пресуда на Врховниот суд во случаите „гаража“ и „селотејп“ од осум години затвор, на сила е пресудата на загрепскиот Жупаниски суд со која заради воено злосторство над српски цивили во Осиек во 1991 година неправосилно беше осуден на десет години затвор.

Главаш смета дека сето ова е негов политичко-правосуден прогон, што трае веќе десет години и заради тоа почна штрајк со глад.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег