Рама се залага за единствен економски пазар меѓу Албанија и Косово

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа, кој престојува во првата официјална посета на Албанија, денеска во Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама и други официјални претставници на оваа соседна земја.

Албанскиот премиер истакна дека билатералните односи меѓу Албанија и Косово се на одлично ниво и додаде дека таа соработка е стратешки важна за сите Албанци во регионот.

Рама, исто така, кажа дека властите во двете земји работат на воспоставувањето заеднички и единствен економски и енергетски пазар, односно потсети дека на 23 март ќе се оддржи заедничката седница на владите на двете земји, кога ќе се потпишат и низа билатерални договори.

Мустафа, од своја страна, истакна дека за Косово е многу важна поддршката што Албанија ја дава во процесот на интеграција во меѓународните институции и порача дека ќе продолжи да работи на унапредувањето и интензивирањето на партнерските односи.

Заедно со косовскиот премиер, во посета на Албанија се наоѓа и неговиот заменик и шеф на косовската дипломатија Хашим Тачи.

Мустафа се сретна и со албанскиот претседател Бујар Нишани, шефот на албанскиот Парламент, Илир Мета, и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата