Еден човек е повреден вчера, при директен судир на патнички и товарен воз во близина на холандскиот град Тилбург.
Според холандските медиуми, товарниот воз превезувал течен гас, но нема информации дека дошло до негово истекување, што веројатно се должи на фактот што двете композиции се движеле со мала брзина.
Претставник на спасувачките служби соопшти дека сите патници од патничкиот воз се пренесени на безбедно место.
Причините за директниот судир на двата воза засега не е позната.