“Мир за сите оние, кои што очи две отвориле, од мракот души ослободиле” е пораката која НОКАУТ сакаат да ја пренесат со својот нов видео спот за песната “Желба”, која е дел од нивниот последен албум “Нокаут III”.
Автор и режисер на видео записот е Милена Станишлевиќ, која снимаше на локации во близина на чешката метропола Прага и во Македонија.
Освен фронтменот на НОКАУТ Никола Перевски, како главни актери во спотот се јавуваат и прасето Mini, жената Madla Zimová, мажот Jiří Maria Sieber (кој инаку се појавува како бодигард во спот на Канје Вест).
Како автор на музиката на “Желба” потпишан е Пере, додека текстот е дело на Владимир Поп Христов – Мио.