Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека рускиот опозициски политичар Борис Немцов е убиен, бидејќи планирал да открие докази за вмешаноста на Русија во конфликтот во Украина.
Порошенко оддаде почит на Немцов, кој беше убиен доцна синоќа и рече дека жестокиот критичар на Путин пред неколку недели му рекол дека има докази за улогата на Русија во кризата во Украина, и оти планира да ги објави.