Автомобилот во кој се наоѓале убијците на рускиот опозиционер Борис Немцов го пронашла полицијата, пренесува „Раша тудеј“.
Возилото е пронајдено недалеку од местото каде Немцов е убиен, а форензичарите го истражуваат, пренесе Танјуг.
Возилото е наводно идентифкувано како „лада приора“, со регистарски таблици од Ингушетија, руска република на Северен Кавказ.
Во тек е истрагата за убиството на Немцов во центарот на Москва и се разгледуваат сите можни мотиви за злостроството, како верзиите врзани за неговата политичка дејност, така и личните непријателства.
Истражните органи сметаат дека убиецот бил професионалец и оти бил запознаен со неговото движење. Немцов е убиен синоќа околу 23.15 часот по московско време.