Рускиот претседател Владимир Путин изјави во саботата дека ќе биде сторено сé за да биде разоткриени и казнети организаторите и извршителите на ова „подло и циничното убиство“ на опозицискиот политичар Борис Немцов, а спикерот на рускиот парламент Сергеј Наришкин оцени дека ова „ладнокрвно убиство“ претставува предизвик за општеството и државата и бара професионална истрага, пренесе Макфакс.
Педесет ипетгодишниот Борис Немцов, поранешен министер за енергетика во владата на премиерот Виктор Черномирдин и прв вицепремиер владата на Сергеј Кириенко, од кои си поднесуваше оставки во текот на 1998 година, беше убиен во петокот ноќта пред полноќ на мостот преки реката Москва недалеку од Кремљ, додека се шетал со неговата партнерка.
Врз копретседателот на опозициската партија РПР-Парнас од автомобил кој се оддалечил со голема брзина било пукано осум пати а четири куршуми завршиле во грбот на Немцов.
Западните медиуми истакнуваат дека Немцов се шетал со Украина, којашто не е повредена во нападот, додека руските медиуми не го објавуваат идентитетот на жената која го придружувала опозицискиот политичар, кого Западот го слави како голем поборник за демократијата и борец против корупцијата, а особено го истакнуваат неговото критикување на рускиот претседател.
„Ќе биде сторено сé за организаторите и извршителите на ова подло и цинично убиство да ја добијат заслужената казна“, се вели во писмената изјава објавена на интернет страницата на рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно Путин изрази сочувство до семејството и пријателите на Немцов и објави дека издал налог челниците на руската Истражна комисија, на Министерството за внатрешни работи и на Федералната служба за безбедност (ФСБ) да формираат заедничка истражна група и лично да го надгледуваат текот на истрагата. Беше објавено ниту дека не е исклучена опцијата дека станува збор за политички мотивиран атентат.
„Упатувам искрено сочувство до целото семејство, роднините и пријателите на Борис Ефимович Немцов. Се уште не сакам да поверувам во веста за неговата трагична смрт. Ладнокрвното убиство во центарот на Москва покренува предизвик за државата и за општеството. Сите очекуваме брза професионална истрага и изведување пред суд на злосторниците. Убеден сум дека тие нема да ја избегнат казната“, се истакнува во изјавата на претседателот на долниот дом на парламентот, Сергеј Наришкин,
Во изразите со сочувство Наришкин додава и дека е убеден „дека името на Немцов ќе остане засекогаш во историјата на руската политика“.
Властите на Москва, како што изјави нивниот претставник Алексеј Мајоров, ја дале согласноста за одржување на протестен марш кој ќе се движи преку камениот мост на кој е убиен Немцов. Московските власти дале согласност за одржување на собирот на кој организаторите предвидуваат присуство на 50.000 луѓе.