Московските власти го одобрија маршот на опозицијата, кој ќе се одржи утре во центарот на Москва во спомен на синоќа убиениот опозициски политичар Борис Немцов.
– Дадовме дозвола за тој настан, изјави директорот на московскиот оддел за регионална безбедност, Алексеј Мајоров, прецизирајќи дека учесниците во маршот ќе минат покрај местото на кое беше убиен Немцов.
Според властите во маршот ќе учествуваат 50 илјади лица. Маршот ќе почне во 15 часот по московско време.