Францускиот претседател Франсоа Оланд најостро го осуди денеска убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов и им изрази сочувство на неговото семејство и на пријателите.
– Тој беше храбар и неуморен заштитник на демократијата и борец против корупцијата, се наведува во изјавата на претседателот на Франција.
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека е потресена од грозоморното убиство на Немцов.
– Канцеларот Ангела Меркел е потресена од грозоморното убиство на рускиот опозициски политичар Борис Немцов. Таа го повика рускиот претседател Владимир Путин да гарантира дека убиството ќе биде расветлено и дека извршителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата, се наведува во соопштението на кабинетот на Меркел.
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека е ожалостен, гневен и шокиран, како и многу руски граѓани, од ова ладнокрвно убиство.