Обама го осуди убиството на Немцов

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го осуди, како што рече бруталното убиство на рускиот опиозициски политичар Борис Немцов.

САД ја повикаа руската Влада да спроведе брза, неутрална и транспарентна истрага и да ги изведе виновниците за злоделото пред лицето на правдата, се наведува во соопштението на Обама.

Американскиот претседател се сретна со Немцов за време на посетата на Москва во 2009 година, кога Обама разговараше со претставници на опозицијата.

Обама изјави дека се восхитува на храброста, со која Немцов и се посветил на борбата против корупцијата.

– Со смртта на Немцов Русите изгубија еден од најнесебичните и најголемите поборници за нивните права, се додава во соопштението на Обама.

Украинскиот претседател Петро Порошенко исто така израза сочувство за смртта на Немцов.

– Шокирани сме. Го убија Борис. Не можам да поверувам. Уверен сум дека убијците ќе бидат казнети порано или подоцна. Нека му е вечна славата, напиша Порошенко на својот налог на Твитер.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија