Турција продолжи да ја бомбардира сириската област Тел Абјад, која се наоѓа на 10 километри од турската граница, по вчерашните напади од двете страни.
Турција вчеравечер ја гранатираше Сирија, откако претходно од сириската територија паднаа гранати во турскиот град Акчакале и убија пет цивили.
Велика Британија ги осуди сириските напада, нарекувајќи ги „трагични“, пренесува агенцијата АФП.
„Го осудуваме насилието на сирискиот режим кој доведе до убиство на неколку турски граѓани, вклучувајќи мајка и нејзините деца“, наведе во соопштението британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.
НАТО одржа итен состанок на кој беше пружена поддршката на Анкара и ја предупредија Сирија да го почитува меѓународното право.