ВИДЕО: Граната испалена од Сирија усмрти пет лица во Турција

Од:

Пет лица, меѓу кои три деца, загинаа денеска, а најмалку девет беа повредени кога минофрлачка граната испалена од сириска територија погоди куќа во едно градче во југоисточниот дел на Турција, соопшти телевизијата “Си-Ен-Ен Турк” од местото на настанот.

– Влета на сред станбен дел и ја погоди куќата. Луѓето кои живеја во куќата загинаа, вклучувајќи ја жената и трите деца – потврди Абдулхаким Ајхан, градоначалникот на Акчакале турски град на границата со Сирија, пренесува цитат Ројтерс.

Британската агенција додава дека спрема изјавата на сведокот, најмалку девет лица биле сериозно повредени и пренесени во болница, тројца од нив полицајци.

Турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу го информираше специјалниот претставник за Сирија Лахдар Брахими за минофрлачката граната од која најмалку три лица беа убиени.

“Министерот го информираше претставникот на ОН и Арапската лига Брахими за инцидентот во телефонски повик”, пренесува Ројтерс.

Гранатата истрелана од сирискиот пограничен град Тал ал Абџад завршила во градот Акчакале во турската провинција Санлиурфа, додава АФП.

Ова е трет случај граната од Сирија да заврши на турска територија, но за прв пат доведе до смрт на невини Турци.

АП додава дека гневните жители влетале во канцеларијата на градоначалникот на Акчакале да протестираат поради жртвите, а бидејќи во последните 10 дена се среќаваат со куршуми и гранати поради конфликтот меѓу силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад и бунтовниците кои се борат за контрола на пограничниот сириски град Тал ал Абџад.

Подоцна вечерва Премиерот Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турските сили возвратиле со артилериски оган по целите на сириска страна од границата кои ги идентификувале со помош на радар.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски