Механизми за наметнување на руските интереси во Украина

Од:

Независимаја газета – Москва

Доњецката (ДНР) и Луганската (ЛНР) народна република ќе се залагаат за вонблоковски статус на Украина, изјави Денис Пушилин, заменик претседател на Народниот совет на ДНР. Ако пак Киев започне да се движи кон НАТО, раководствата на самопрогласените републики ќе ги прогласат договорите од Минск за „неважечки“.

Во ниту еден од документите кои беа потпишани во Минск, не се спомнува ништо за вонблоковскиот статус на Украина. Киев не презема никакви ангажмани кои влијаат на контактите со НАТИ или со други организации. Со други зборови, лидерите на ДНР и ЛНР на украиските власти им поставуваат дополнителни услови кои не се ставени на хартија. Соодветно, Киев исто може да формулира сопствени услови. Тоа взаемно „дриблање“ ги става под сомнеж перспективите за мирно решавање на конфликтот.

За руското раководство природно е Украина да има вонблоковски статус. За нејзино влегување во НАТО во моментов има пречки, вклучително и формални – заради иднината на спорната територија. Киев не го признава Крим за руска земја, а Москва – за украинска.

Ако ги оставиме тие условувања настрана, политичките елити во самопрогласените републики можат да избираат помеѓу два пата за спротивставување на приближувањето на Киев кон НАТО. Првиот претставува легализација во рамките на украинската политика. Посебно со присуството на пратениците од југоистокот во Врховната рада, и со парламентарни групи кои ќе ги бранат интересите на Доњецк и Луганск, а до голема мера и руските интереси.

Минските договори не предвидуваат таква можност, поточно не одат до таму. Тие овозможуваат само локални избори според украинските закони, специјален статус на некои реони од Доњецката и Луганската област, а исто така и реформа на Уставот и децентрализација на власта. И покрај тоа што станува збор за автономија со доста широки можности за самоуправа и нејасни (па дури и недостиг на) механизми за легално влијание врз сеукраинските процеси, надворешната политика на земјата итн.

Вториот пат за ДНР и ЛНР е да вршат притисок врз Киев искористувајќи ја војната како главен аргумент. Ако се приближи Украина кон НАТО, ќе се обнови и огнот на југоистокот. Во Киев впрочем има доста политичари кои не се задоволни од постигнатите договори во Минск – тие немаат ништо против тоа да го решат прашањето со воена сила, ако го убедат Западот дека треба да достави оружје. При секаква ситуација, ако судиме според зборовите на Пушилин, раководствата на самопрогласените републики се наклонети кон вториот пат.

Минските договори (кои треба да се испочитуваат) ги штитат интересите на населението кои говори на руски јазик во Донбас, осносно ги надминуваат првичните причини за конфликтот. Освен тоа, тие формираат зона на руско влијание на територијата на Украина. Друго прашање е за какво влијание зборуваме. Изгледот на конфликтните територии чии што фактички власти му се закануваат на Киев со војна, помага за радикализација на украинските елити и потцртано западната ориентација за целата украинска политика.

Се совпаѓа ли тоа со стратешките интереси на руската власт? Сосема, ако таквата стратешка цел вклучува „обединување на рускиот свет“, максимална реконструкција на советската империја, вовлекување на териториите со население кое говори руски јазик во орбитата на Москва. И целосно не се совпаѓа ако Русија се доживува како суперсила од нов вид, чии интереси можат да бидат остварени без воени закани и промени на границите.

Украинската елита веќе се трансформира и никој од нејзиниот состав не би посакал ниту пак би можел да се придржува на рускиот дневен ред. А во зоната на руско влијание во Украина власта им припаѓа на луѓето, кои се издигнаа од воениот бран. Не се знае дали тие имаат потенцијал да управуваат со територијата во мирни услови; што се однесува до односите помеѓу Киев и Москва, тие можат само да се заострат – но можеби нема веќе каде.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство