Жители во Дубаи не можеа да им поверуваат на своите очи кога од небото почнаа да паѓаат пари.
Поради „дождот од пари“ многумина застанале или излегле од своите автомобили и почнале да се грабаат за парите.
Се проценува дека „од небото“ паднале банкноти на дирхами во вредност од најмалку 700.000 евра.
Сето ова го снимила жена која од својот автомобил решила да го овековечи необичниот настан и потоа записот го објавила на интернет.
„Инцидентот“ се случил околу три часот попладне по локално време, што предизвикало метеж во тој дел на градот, па морала да интревенира и полицијата.
Засега не е познато од каде потекнуваат овие пари.