Помош од Холандија за украинската војска пристигна денеска во Украина, изјави Валентин Федичев, заменик-раководител на антитерористичката операција во Доњецк и Луганск.
Пратката од Холандија веќе ја преминала полско-украинската граница. Таа содржи маскирна облека, панталони, маскирни јакни и друга опрема, рече Федичев.
Тој истакна дека пратката е речиси 5,5 тони, пренесе ТАСС.