Траект со околу 100 патници удрил во товарен брод и потонал во реката Падма, во централен Бангладеш, и засега не се знае точниот број на преживеани, соопштија денеска локалните власти.
-Еден од преживеаните ни кажа дека на траектот имало меѓу 70-150 патници, рече шефот на локалната полиција Ракибуз Заман.
„Околу 50-тина лица допливале до брегот на реката или биле спасени од други чамци и бродчиња“, додаде тој.
Претставникот на пожарникарите Шахзади Бегум изјави дека траектот, наводно, на преминот Даулатдиа-Патуриа на реката Падма удрил во товарен брод во текот на попладнето, по локално време.
Бегум додаде дека спасувањето е во тек и дека спасувачките екипи се распоредени на мноу премини за траекти и помагаат во спасувањето на луѓето по несреќата, што се случи на 40 километри северозападно од Дака, додаваат американските медиуми.