Техеран: Полицијата и демонстрантите се судрија поради девалвацијата

Од:

Полицијата во Техеран денеска се судри со демонстрантите и дилерите со девизи поради девалвација на националната валута, која за една недела изгуби една третина од својата вредност во однос на доларот, тврдат очевидци.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите лути поради падот на Иранскиот риал. Демонстрантите извикуваа слогани против иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, велејќи дека неговата економска политика доведе до економска криза.

Риалот во последниве денови речиси секојдневно девалвира во однос на доларот затоа што економските санкции воведени од запад, поради спорната иранска нуклеарна програма, ги уништија приходите од продажбата на нафта и затоа централната банка не може повеќе да ја одржува вредноста на валутата, наведува Ројтерс.

Иранците почнаа во паника да купуваат девизи, што дополнително го ослабна риалот. Со стапка на инфлација од околу 25 отсто, слабоста на валутата придонесе за влошување на животниот стандард и се заканува да резултира со повеќе отпуштања во индустрискиот сектор.

Очевидците јавуваат дека главниот пазар, еден од главните трговски реони, сега е затворен. Еден продавач кој продава апарати за домаќинство, рече дека трговците поради нестабилноста на риалот не можат да ја утврдат вистинската цена.

Претставник на пазарот Ахмед Карими Есфахани рече дека пазарот е затворен денеска поради загриженоста за безбедноста на потрошувачите, но дека повторно ќе се отвори утре.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он