Филмот „Тимбукту“ однесе најмногу филмски Цезари

Од:

Француската филмска академија Цезар ја исправи неправдата за филмот „Тимбукту“ на Абдерахман Сисако, кој од жирито од Кан не доби ниту една награда, иако сите му претскажуваа Златна палма и Голема награда на жирито. „Тимбутку“ синоќа ја доби нагарадата за најдобар филм, и има шанси да биде прогласен за најдобар странски филм на церемонијата на Оскарите во Холивуд, јави дописникот на МИА од Париз.

Француската филмска академијата на „Тимбутку“ му додели седум статуетки, покрај таа за најдобар филм, тој ја доби нагарадата и за најдобра реализација, за најдобро сценарио.

„Тимбукту“ (Тагата на птиците), е петтиот долгометражен филм на Абдерахман Сисако. Сценариото на филмот е истовремено трагично, поетско и потресно, инспирирано од вистински настани. Томбучу во Мали, наречен уште „пустински бисер“ скоро една година беше окупиран од Ал Каида Магреб (АКМИ) во 2012 година и од Ансар Дине (Бранителите на Исламот), што остави длабоки лузни – ампутации, камшиковања на „нелигитимните двојки“, на пушачите, навредувања и понижувања, – пред доаѓањето на француските сили на почетокот од 2013 година во операцијата Сервал.

Прикзаната на филмот раскажува за Кидан, неговата жена Сатима и нивните две деца Тоја и Исан, кои мирно живеат под шатор, подигнат во пустинските дини. Нивната судбина се менува во моментот кога еден соседен риболовец убива една нивна крава. Кидан во лутина, го прави она што не може да се поправи и паѓа во рацете на џихадистите.

Режисерот истовремено ја пренесува и жолатата боја на улиците на Томбучу, на кои џихадистите вооружени со калашникови и зборувајќи арапски сеат страв и терор. Тие забрануваа цигари, слушање на музика, играње на фудбал. Носење на ракавици, чорапи. Марамата е задолжителна за жените и прислините бракови. Шокот е голем за жителите, добри муслимани кои се досега живеаа во мир.

Една продавачка на риби се жали. Како ќе ги полевам рибите со вода, ако носам ракавици? Другите џихадисти кои меѓусебно со страст зборуваат за Зидан и Меси, неколку часови подоцна осудуваат еден млад човек на 20 удари со камшик, бидејќи играл фудбал. За потешките „навреди“, казната е смрт. Незборавна е сцената во која децата играат фудбал со замислена фудбалска топка!

Режисерот Сисако се инспирира од релани настани во Мали. Настаните со грабнувањето на средношколките од терористичката организација Боко Харам во Нигерија, само му дава нова тежина на овај африкански филм.

Вториот победник синоќа е изненадувањето на годината филнот„Борци“ на Тома Каје, кој исто така беше претставен во Кан. Филмот заминува од театарот „Шатле“ со три „Цезари“, за најдобар прв филм, за најдобра актерка надежната Адел Хаенел и за најдобар надежен машки артист Кевин Азаис. Цезар за најдобар актер ја доби Пјер Нине за улогата во Ив Сан Лоран, Луана Емера за најдобра надежна женска актерка во филмот „Семејството Белие“, Реда Катеб за најдобра споредна улога во филмот „Хипократ“, Кристен Стјуарт за најдобра споредна улога во филмот „Силс Мариа“, прва Американка која заминува со Цезар за улога.

„Минискул – Долината на загубените мравки“, доби цезар за најдобар анимиран филм, „Сол од Земјара“ на Хулиано Салдаго и Вим Вендерс за најдобар документарен филм и „Сант Лоран“ за најдобри костуми.

„Моми“ на Ксавие Долан е најдобар странски филм.

Шон Пен беше награден со почесен Цезар.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“