Лидерот и шампион во италијанската Серија А синоќа потешко од очекувањата забележа победа над Аталанта со 2:1, иако во 25. минута гостите од Бергамо први поведоа со голот на Џулио Миљачио.
Шпанецот Љоренте во 39. минута го најави пресвртот, а победата за Јувентус ја донесе Андреа Пирло со погодокот во 45.минута.
Еден натпревар од 24. коло се игра и вечерва. Од 20 часот и 45 минути се игра градското дерби Сампдорија – Џенова.
Неделната програма нуди пет дуели: Милан – Чезена, Емполи – Киево, Лацио – Палермо, Верона – Рома и Фиорентина – Торино.
Дуелот Парма – Удинезе е одложен, а в понеделник се средбите Наполи – Сасуоло и Каљари – Интер.
Табела: Јувентус 57 бодови, Рома 47, Наполи 42, Фиорентина 38, Лацио 37.